Connect with us

Фудбал

Петарда на отварањето на Мундијалот

Убедлива победа на домаќинот Русија со 5:0 над Саудиска Арабија на отворањето на СП 2018 во средба од групата „А“ одиграна на стадионот „Лужники“ во Москва.

Јури Газински го отвори резултатот со првиот прецизен удар во рамките на голот во 12-тата минута, а по него се запишаа резервите Денис Черишев (43′, 90′) и Артем Ѕјуба (71′), како и Александар Головин (90 + 5′).

Па така традицијата остана домаќинот никогаш да не губи во првиот натпревар на шампионатот.

Во месеците пред почетокот на Мундијалот, „зборнаја“ одигра многу лошо, но денес покажа сосема друго лице.

Во меѓувреме, Саудијците се претставија незадоволително и со оваа игра би било тешко да земат бодови на руска земја.

Другите два тима во групата се Египет и Уругвај, кои играат утре.