Connect with us

Фудбал

Петит: Лионел Меси не е лидер како Кристијано Роналдо

Лионел Меси нема исти лидерски квалитети како Кристијано Роналдо, рече некогашниот играч на Барселона, Емануел Петит.

Меси со својата Аргентина се на наоѓа на работ на испаѓање од Светското првенство по поразот од Хрватска со 3:0, а покрај лошото издание, во натпреварот против Исланд промаши и пенал.

Роналдо за разлика од него веќе постигна четири гола и ја предводи Португалија кон следната фаза од натпреварувањето.

Екипата на Хорхе Сампаоли сега мора да ја победи Нигерија, за се уште да има шанси за пласман во осмина финалето, светскиот шампион со Франција во 1998. Година, Петит дека Меси е еден од виновниците за лошата играна Аргентина.

„Тој не е лидер. Тој не е Роналдо во таа смисла. Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња, но мора да го покаже тој менталитет. Го видовме и во Лигата на шампионите, кога навистина не му оди добро, тој може да „исчезне“ на теренот. Тој веќе не е таму. Не трча, оди. Не се грижи веќе за топката. Ама ајде“ рече Петит за „Paddy Power“.