Connect with us

Фудбал

Пијани Англичани се обиделе да земат и уништат бугарско знаме, мислеле дека е италијанско

Бугарските медиуми известуваат за еден непријатен момент во Лондон, во близина на стадионот „Вембли“. Имено, како што известуваат тие неколку пијани Англичани се обиделе да одземат бугарско знаме и да го уништат, бидејќи мислеле дека е италијанско. Сепак, неколку моменти подоцна, иако пијани, сфатиле дека погрешиле.

Инаку, целиот овој инцидент се случил во близина на „Вембли“, каде била отворена канцеларија за гласање на бугарските иселеници во Лондон. Денеска во Бугарија имаше избори, на кои можеа да гласаат и Бугари кои живеат во странство. Пред таа просторија во Лондон било истакнато бугарското знаме, за кое пијаните Англичани мислеле дека е италијанско.
Повеќе на следниот ЛИНК