Connect with us

Фудбал

Пике конечно проговори за правилата на Чави за кои фудбалскиот свет зборува со денови

Чави Ернандез неодамна беше избран за тренер на Барселона, а многу шпански медиуми објавија дека тој веднаш решил да воведе неколку нови правила.

Чави се врати во Барселона по шест години минати во катарскиот Ал Сад и доби шанса да се испроба на тренерската клупа на каталонскиот клуб откако Роналд Куман беше отпуштен.

Тој беше официјално претставен на Камп Ноу на почетокот на минатата недела како нов тренер на Барселона каде имаше навистина спектакуларен пречек од навивачите на Барселона.

Јасно е дека Чави има статус на легенда во каталонскиот клуб каде како играч успеа да освои се што можеше, но сега сигурно доаѓа најголемиот предизвик во неговата тренерска кариера.

Барселона не блеска оваа сезона и игра далеку од очекуваното, но Чави верува дека овој тим може да се врати во самиот врв на европскиот фудбал.

Шпанските медиуми веднаш по неговото пристигнување во клубот објавија дека тој одлучил да воведе неколку нови правила. Чави веднаш го замени лекарскиот тим во првиот тим, но и стручниот штаб каде ги доведе своите соработници од Ал Сад.

Но, она за што најмногу се пишува во последните денови се правилата кои Чави наводно им ги вовел на играчите на Барселона. Тука најмногу се споменуваше Жерар Пике, за кого е поврзано едно од правилата.

Каталонски Спорт прв објави дека Чави му забранил на Пике приватно патување во текот на сезоната, особено кога се опоравува од повредата. Наводно, минатата недела му беше забрането да се појавува во шпанско телевизиско шоу.

Сепак, на крајот на краиштата, Пике реши да се огласи и едноставно да демантира се што се пишуваше за него и за Чави претходните денови.

„Луѓето премногу лесно и премногу веруваат во она што го читаат или слушаат во медиумите. Така се појавуваат заблуди. „Правилата“ кои наводно ги вовел Чави се една од тие работи. Тоа е медиумска измислица“, изјави Пике.

Сепак, јасно е дека Чави сака да воведе промени и правила во тимот на Барселона, но неговата намера е тоа да го држи во тајност бидејќи не сакаат јавноста да знае кои се правилата.

Реклама

Facebook

Реклама