Connect with us

Тајмаут

Пике одговори на прашањето дали би се согласил да игра за Барса во бел дрес

Жерард Пике е познат по тоа дека често сака да ги провоцира фановите на Реал Мадрид и по изјавите колку ги сака Барселона и Каталонија.

Пике не е омилен во поголем дел од Шпанија каде противничките навивачи фо дочекуваат со исвиркување, а тоа посебно е изразено кога на „Сантијаго Бернабеу“ играат Реал Мадрид и Барселона.

Тој е познат по тоа дека го кажува она што го мисли, а исто така сака да ги провоцира и навивачите на Реал, но и граѓаните на Шпанија со изјавите дека Каталонија е независна.

Еден од шпанските портали денеска постави интересно прашање до Пике за тоа дали некогаш би се согласил во Барселона да игра во бел дрес кој се симбол на нивниот лут ривал Реал Мадрид.

Познато е дека оваа боја била дел од Барселона се во крајот на 70-тите години, а потоа во клубот решија да ја забранат. Од тогаш заштитни бои се црвена и плава, додека останатите гарнитури обично се во боите на каталонското знаме.

Многумина очекуваа дека Пике ќе го игнорира ова прашање, но тоа не се случи. Играчот на Барселона се огласи на твитер и порача дека не би имал ништо против играњето во бел дрес со грбот на Барселона.

„Секако дека би играл. Тој дрес е дел од нашата историја“, порача Пике.