Connect with us

Фудбал

Пике: Ремито е лош резултат за двата тима

Шпанскиот дефанзивец Жерар Пике смета дека нерешениот резултат 3:3 со Португалија во групата „Б“ на Светското првенство е лош резултат за двете репрезентации. 
 
– Беше важно да тргнеме со победа, но беше поважно да се покаже добар фудбал по разделбата со  Лоптеги. Натпреварот беше тежок, но убаво е дека покажавме солидна игра, имавме многу позиции и постигнавме три гола. Сега е важно да не се губи концентрацијата во нашите следни дуели, вели Пике. 
 
Тој верува дека шампионите од 2010-та можат да триумфираат на ова светско првенство. 
 
– Расположението во тимот е одлично и сите се чувствуваат добро. Се разбира, ова реми е лош резултат за двете репрезентации, но ние ќе се потрудиме да излеземе од групата, додаде Пике.