Connect with us

Фудбал

Пикси ги смируваше играчите да ги праша една „важна“ работа: „Дали сте нормални?

Репрезентацијата на Србија синоќа избори директен пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Катар.

Србија синоќа во Лисабон во неверојатна партија по пресвртот успеа да ја победи Португалија и дојде до победа која и го обезбеди првото место во групата.

Интересно, синоќа беше доволен само бод за Португалија да биде прва во групата, но доживеа шокантен пораз бидејќи примија гол за 2:1 во 90. минута од натпреварот.

Работата да биде полоша за Португалците, водеа со 1:0 од втората минута од играта, но Србија успеа да дојде до неверојатен пресврт и заслужен пласман на Мундијалот.

Србите израмнија на 1:1 во 33. минута од натпреварот со голот на Душан Тадиќ, а херој на гостите беше Александар Митровиќ кој го постигна победничкиот гол во 90. минута од мечот во Лисабон.

По натпреварот на теренот имаше големо славје на српските фудбалери кои со своите навивачи кои пристигнаа во Лисабон ја славеа победата и ги бодреа во текот на целиот натпревар.

Прославата продолжи во соблекувалната каде се пееа песни, а покрај стандардното „Одиме во Катар“, можеше да се слушне и „Дајте ни го Бразил да си играме“.

После тоа кратко зборуваше и селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ, кој секако е многу горд и среќен поради големиот резултат што го постигна на клупата на оваа репрезентација.

„Да кажам само нешто“, започна популарната Пикси, а потоа продолжи: „Да ве прашам нешто многу искрено. Дали сте вие нормални? Одете у пи*ку …“, рече низ смеа селектор на Србија.

Реклама

Facebook

Реклама