Connect with us

Фудбал

Пикси уште од почетокот веруваше во тимот и успехот: „Каков бре евентуален пласман на СП?“

Репрезентацијата на Србија синоќа успеа да избори директен пласман на Светското првенство.

Светското првенство следната година ќе се игра во Катар, а таму ќе ја гледаме репрезентацијата на Србија која синоќа дојде до голема победа во Лисабон против Португалија.

Србија победи во Лисабон со 2:1, иако губеше со 1:0 од втората минута од овој натпревар.

Но, половина час подоцна Тадиќ израмни на 1:1, а решавачкиот момент се случи во 90. минута кога Александар Митровиќ постигна гол за 2:1 и прекрасна победа на Србија.

Големи пофалби по мечот доби и српскиот тренер, легендарниот Драган Стојковиќ, кој направи одличен резултат во квалификациите.

Популарниот Пикси веруваше во победата во Португалија која ја покажа уште пред заминувањето во Лисабон. Еден од новинарите го праша за пласманот на СП, а колку верува во својот тим покажа и неговиот одговор.

„Дали евентуалниот пласман на Мундијалот би бил ваш најголем тренерски успех“, праша еден од српските новинари, а потоа Пикси јасно одговори.

„Каков бре евентуалниот пласман на Мундијалот? Мора да одиме во Катар“, јасно порача српскиот селектор.

Реклама

Facebook

Реклама