Connect with us

Фудбал

Пиоли кажа збогум – ова е новиот тренер на Милан

Милан постигна претдоговор со Ралф Рангник, спортскиот директор на Лајпциг. Троецот Паоло Малдини – Звонимир Бобан – Стефано Пиоли би можел наскоро да ја заврши својата мисина на „Сан Сиро“. Италијански Милан е подготвен на нови промени, пишува угледниот „Л`кип“.

Рангник ќе застане на клупата на Росонерите од следната сезона, меѓутоа ќе има мулти-функциска позиција бидејќи ќе биде одговорен за трансферите на клубот, како и за самиот развој на фудбалерите.