Фудбал
Пирло: Кога поведовме, добро ја контролиравме играта
Актуелниот италијански шампион Јувентус со победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите.
Старата дама славеше на гости против Динамо Киев со резултат 2:0, а тренерот Андреа Пирло беше задоволен по мечот.
„Беше важно да се игра подобро отколку против Кротоне (1:1). Игравме многу поорганизирано. Можевме да реагираме подобро во некои прилики во првото полувреме, но откако поведовме, добро го контролиравме натпреварот“, рече Пирло.
Пирло се осврна и на составот што го имаше во Киев.
„Сакав да напаѓам со многу играчи. Кјеза може да игра на двете страни, Кулушевски или Ремзи можат да играат малку позади напаѓачот. Да не заборавиме дека Роналдо не игра, дека Дибала сè уште не е во форма, така што структурата на нападот може да се промени, но играчите се на вистинските позиции“, рече Пирло и додаде:
„Киелини играше, но го пропушти натпреварот против Кротоне, бидејќи тој сè уште има мускулни проблеми. Тој се чувствуваше непријатно по патувањето со националниот тим, па затоа не играше против Кротоне. Ајде да се обидеме да го сфатиме сето тоа“.