Connect with us

Фудбал

Пирло побара итен трансфер на Рамзи

Велшкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арон Рамзи, со месеци важи за голема желба на раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус. Речиси сите италијански медиуми ја пласираа информацијата дека одличниот играч за врска е на само еден чекор од преселба во Торино, а најавениот трансфер ќе биде официјален на 1 јули 2019 година.

Истите тие медиуми пишуваат дека интерес за услугите на Рамзи покажале и раководните лица на ПСЖ, Интер, Милан и на Баерн (М).

Околку можниот трансфер на велшкиот интернационалец од Арсенал во Јувентус, свое мислење даде и легендарниот репрезентативец на Италија, Андреа Пирло.

  • Ако јас се прашувам, Јуве треба да ги осигура услугите на Рамзи. Тоа ќе биде одлично завршена работа. Станува збор за одличен играч, кој лесно ќе се вклопи во системот на Јуве. Немам дилема дека Јуве подготвува одлична понуда за Рамзи, изјави Пирло.

Рамзи сезонава одигра 22 натпревари на кои постигна два погодока и запиша шест асистенции. На крајот од актуелната сезона Велшанецот ќе има статус на слободен играч.