Connect with us

Фудбал

Пирло загрижен, Јувентус ослабен против Барселона

Џорџо Кјелини дефинитивно нема да игра против Барселона во ЛШ, под знак прашалник е Бонучи, а ќе го нема ниту Матијас Де Лихт. Ова секако се големи проблеми за тренерот Андреа Пирло.

-Кјелини нема да игра, за Бонучи се уште не знаеме. Утре ќе добиеме информации. Матијас де Лихт исто така не е во конкуренција бидејќи се уште се опоравува од операцијата на рамото, вели Прило.

Под знак прашалник е и настапот на Кристијано Роналдо чии резултати од последното тестирање се уште се чекаат. Тој неколку дена е во изолација поради позитивен тест, а за да настапи мора да добие негативен тест.

-Дури и да биде негативен мала е веројатноста да игра бидејќи беше 15 дена во изолација. Тешко е да се игра 90 минути ако не тренирате во полн интензитет толку време, вели Пирло.