Connect with us

Кошарка

Пирс: Играчите во НБА прават што сакаат

НБА играчот Пол Пирс кој најголем дел од својата кариера го помина во Бостон Селтик вели дека работите во најсилната светска лига се сменија кога се во прашање кошаркарите.

– Во денешно време играчите покажуваат дека можат да прават што сакаат. Веќе не постои лојалност кон клубовите. Тешко да се најде играч кој ќе остане верен на тимот 10-15 години. Секој сака да игра во одреден тим со играчи кои ги познава. Погледнете што правата и најголемите ѕвезди, Леброн, Дурант, Казинс…, изјави Пирс.

40-годишниот кошаркар кариерата ја почна во Бостон во 1998 година и таму остана 15 години. Потоа настапуваше за Бруклин, Вашингтон и ЛА Клиперс.