Connect with us

Фудбал

Пјаниќ до Наполи: Сами сте крив

Седми пат во низа, тимот од Торино има шанса да го подигне трофејот за најдобриот тим во Италија, а по вторпат Скудето е во рацете на Миралем Пјаниќ. На тимот од Торино му недостига само еден бод за официјално да ја обезбеди титулата.

Оваа сезона, Наполи беше многу близу до „Бианконери“, но со низа слаби резултати и покрај победата во Торино со 0:1, тие го загубија чекорот во борбата за титулата.

Пјаниќ им порача на играчите на Наполи дека никој друг не е виновен за загубената титула, освен тие, самите.

„Дали еден натпревар ја одлучува сезоната? Ако претходно го совладаа Милан, тие ќе беа први и сè ќе зависеше од нив. Самите си се криви“, рече Пјаниќ, додавајќи:

„Најважно е што продолживме со трофеи, ги заработивме на теренот“, рече репрезентативецот на БиХ.

Пњаниќ ќе игра против својот поранешен тим од Рим во недела, од каде што пред две години пристигна во Торино.