Connect with us

Фудбал

Пјаниќ сака да се збогува со Јувентус на 23 август, а Роналдо му посвети заедничка фотографија

Некаде во иднина, Миралем Пјаниќ ќе може да се пофали дека е еден од ретките играчи кои имаа можност да играат со Кристијано Роналдо и Лео Меси, „вонземјаните“ кои ги одбележаа последните 15 години.

Пјаниќ потпиша договор со Барселона пред неколку недели, каде ќе се приклучи во септември. Со Јувентус, тој ја затвори Серија А, а сега останува уште Лигата на шампиони.

Пјаниќ синоќа објави емотивен пост на Инстаграм дека неговата авантура во Серија А во дресот на Јувентус заврши.

Сепак, тој го откри и точниот датум до кој сака да го носи славниот дрес на Бјанконера. Тоа е 23-ти август. Тогаш е закажано финалето на Лигата на шампионите во Лисабон.

Пред тоа, Јувентус мора да ја надомести негативата од 0:1 против Лион, а во можното четвртфинале, „Старата дама“ ќе се соочи со подобриот тим од дуелот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Во меѓувреме, Кристијано Роналдо му посвети заедничка фотографија на Пјаниќ, што на некој начин покажува дека дури и најдобриот фудбалер на денешницата го почитува играчот од средниот ред.

Пјаниќ е член на Јувентус од 2016 година. Во изминатите четири години тој успеа да освои четири Скудета, но не и трофејот во Лигата на шампионите.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама