Фудбал
Пјаниќ: Скудето или Лига на шампиони? Ќе се обидеме се да освоиме
Фудбалерот од средниот ред на Јувентус Миралем Пјаниќ има големи амбиции со својот клуб оваа сезона.
Новинарите на еден спонзорски настан на Адидас во Милан во прашаа Пјаниќ што сака повеќе са освои оваа сезона, Скудето или Лига на Шампиони, а од неговиот одговор може да се заклучи дека има големи амбиции.
„Скудето или Лига на шампиони? Секако, Лигата на шампионите ќе биде една од нашите највисоки цели, а сакаме да се обидеме да освоиме се што е можно. Навистина сме добри и конкурентни во секое натпреварување. Можеме да освоиме се, но тоа бара голема жртва од целиот тим во текот на целата сезона“, рече Пјаниќ, па ги пофали Наполи и Интер.
„Какви се нашите шанси против Наполи и Интер? Интер изгуби од Палермо дома, но тој тим е направен да го освои Скудетото. Спалети има големо искуство и тој е тежок противник, исто како и Анчелоти и Наполи. Наполи продолжи со играта што ја форсираше Сари во изминативе години“, рече Пјаниќ.
Јувентус моментално е лидер на табелата во Аерија А со шест бодови повеќе од второпласираните Интер и Наполи, а во наредното коло игра против Каљари.