Тајмаут
ПјонгЧанг обезбеди рекорден број кондоми за секој олимпиец
На 1 февруари, олимпискиот град ПјонгЧанг ги поздрави скоро 3.000 спортисти кои патуваа од 90 национални олимписки комитети и тоа со презервативи.
Вкупно 110.000 презервативи ќе бидат поделени во 16 дена на ЗОИ, што е за 10.000 повеќе во однос на Игрите во Ванкувер 2010 и Сочи 2014 година. Тоа значи дека на секој олимпиец ќе му припаднат 37,6 кондоми бидејќи се пријавија 2.925, но спортистите не се единствените кои ќе можат да се послужат со презервативи. Исто така кондомите можат да им послужат и на новиварите.
Кошничките со кондоми ќе бидат распрерделени во машките и женските тоалети во олимписките села во Пјонгчанг и Ганжу. Исто така ќе има и во главнииот медиумски центар, во “селото” каде што ќе бидат новинарите како и во медицинските центри, објавија организаторите.