Фудбал
Планот на Реал – петмин слободни!
Реал Мадрид најверојатно нема да донесе нови играчи до крајот на преодниот рок.
Иако „Кралевите“ се поврзуваа со доведување на Килијан Мбапе, тоа најверојатно нема да се случи и одличниот напаѓач ќе ја помине и оваа сезона во ПСЖ.
Сепак, неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ треба да се очекува следното лето. Договорот на Мбапе истекува и се очекува тој да потпише за Реал како слободен играч.
Како и да е, според весникот АС, Мбапе не е единствениот слободен играч кој следното лето би можел да ги засили редовите на великаните од Мадрид.
Реал сака уште четири играчи до него, а на листата засилувања се Антонио Рудигер (Челзи), Леон Горетцка (Баерн), Пол Погба (Манчестер Јунајтед) и Едуардо Камавинга (Рен).
Реал и претходно се поврзуваше со сите фудбалери. Сепак, трансфер никогаш не се случи, но раководството на кралскиот клуб ќе се обиде да ги обезбеди потписите на почетокот на новата година.
Сите овие играчи, доколку не потпишат нови договори со екипите, можат слободно да преговараат од првиот ден од јануари, а Реал има намера да го искористи тоа и да ги донесе потполно бесплатно.
„Кралевите“ го направија истото ова лето кога Давид Алаба од Баерн пристигна во клубот како слободен играч, а ќе видиме дали следната година ќе успеат да донесат барем еден од овие играчи.