Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Работнички продолжува со одличната форма, во Битола меч без голови, Шкупи со убедлива победа

Денеска се одигра натпреварите од 7. коло од ПМФЛ. Работнички ја продолжува одличната серија без пораз, победа на данешните натпревари забелажаа Шкупи, Шкендија, Ренова и Брегалница, а во Битола, Пелистер и Академија Пандев одиграа без голови.

Работнички на гостински терен ја совлада Мкедонија ЃП со 0:2. Првото полувреме се играше внимателно и се чекаше грешката на противникот, па резултатот на полувреме остана 0:0.

Стојкоски во 50. минута од натпреварот го отвори резултатот и му донесе водство на Работнички од 0:1.

На самиот крај на натпреварот, односно во 89. минута, Станковски ги постави конечните 0:2 за Работнички.

Брегалница на градскиот стадион во Штип издвојува победа над Тиквеш од 2:0.

Алтипармаковски во 49. минута од натпреварот го отвори резултатот и му донесе водство на домаќинот, a Додев во 69. минута ги постави конечните 2:0 за Брегалница.

Шкендија очекувано славеше на гостувањето кај ФК Скопје со 0:2.

Нафиу во 14. минута од натпреварот му донесе водство на својот тим, додека конечните 0:2 за Шкендија ги постави Кривак во 67. минута од натпреварот.

Во Битола, Академија Пандев не можеше да најде пат  до голот на Пелистер. „Пандевци“ одиграа 0:0, а со тоа го предадоа и врвот на табелата на Шкупи која е прва на табелата со ист број на поени но подобра гол разлика „Пандевци“.

Ренова на домашен терен издвојува минимална победа од 1:0 над Струга вредна три бода. Во втората минута од судиското надополнување Селмани од пенал ја затресе мрежата на Струга и ги постави конечните 1:0.

Шкупи беше убедлив против Борец (3:0).

Уште на самиот старт од натпреварот Цветаноски ја затресе мрежата на противникот и му донесе водство на Шкупи од 1:0. Во првата минута од судиското надополнување Адетунји зголеми на 2:0.

Адетунји стави точка на натпреварот со гол во 67, минута од натпреварот за конечни 3:0.

На табелата лидер е Шкупи 14 бодови, а исто толку имаат и Академија Пандев, Ренова и Работнички, на дното остануваат Пелистер и Тиквеш со по два освоени бодови.