Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Шкендија рутински против Победа

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија попладнево ја совлада екипата на Победа со 3:0 (2:0) во меч од 22-то коло.

Марјан Радески отвори за тетовци во 10-тата минута, а Емини со убав погодок во 36-тата минута го удвои резултатот.

Новото засилување на Шкендија, Висар Муслиу го постигна својот прв гол во дресот на тимот, по доаѓањето од Вардар, откако беше прецизен од непосредна близина за 3:0 во 47-та минута.

По триумф, Шкендија е на првото место на табелата со 14 бода предност во однос на второпласираниот Вардар, кој утре на „Филип Втори“ ќе игра со Силекс.