Фудбал
ПМФЛ: Вардар поразен во дербито со Работнички
Екипата на Вардар доживеа пораз во градското дерби против Работнички со 0-1 (0-0) во средба од 15.коло во ПМФЛ.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Оливер Пеев во 56-тата минута од натпреварот, со што ја продлабочи кризата на „црвено-црните“, откако во трет натпревар по ред не забележаа победа.
Лидерот Шкендија пак оствари убедливата победа над Силекс од 5-0 и ја зголеми предноста на табелата на шест бода.
Стрелци на головите на за Шкендија беа Нафиу, Шефити, Фазли и на два пати Емини.
До крајот на прволигашката сезона остануваат уште три кола во следните десет дена, а следното е веќе во недела, 25-ти ноември.
Резултати ПМФЛ, 15 коло:
Беласица – Ренова 3-1
Македонија Ѓорче Петров – Шкупи 2-2
Шкендија – Силкес 5-0
Вардар – Работнички 0-1
Академија Пандев – Победа 2-1
Табела:
1. Шкендија 34 поени
2. Вардар 28
3. Академија Пандев 25
4. Работнички 20
5. Ренова 19
6. Македонија ЃП 17…