Connect with us

Фудбал

По 142 дена зад решетки, Семедо го напушти затворот

Дефанзивецот на Виљареал, Рубен Семедо остана 142 дена зад решетки во затворот „Пенитенсиарио де Писасент“, но беше пуштен на слобода откако плати кауција од 30 илјади евра.

Португалскиот фудбалер нема право да ги напушти границите на Шпанија и му е забрането да се приближи на растојание од 300 метри до својата жртва.

Покрај тоа, секоја недела 24-годишниот Португалец треба да се јавува во полициската станица за да ја потврди својата локација.

Фудбалерот беше уапсен на 22 февруари по обвинение дека киднапирал маж од неговиот дом во Бетера, по што му се заканувал со нелегално оружје, кое било пронајдено во неговата куќа.

Од Виљареал ја сопреа платата на фудбалерот, додека тече процесот против Семедо, кој е обвинет, исто така, за обид за убиство, телесни повреди, закани, незаконско задржување, нелегално поседување оружје и грабеж.