Connect with us

Фудбал

По бурниот ден во Интер, се огласи и Конте: Ќе го тужам новинарот

Антонио Конте се огласи по бурниот ден во Интер и пишувањата на италијанските медиуми. Имено, „Република“ објави текст во кој се наведува дека Конте имал контакт со некој од раководството на Јувентус и дека се распрашувал дали Сари ќе биде избркан и наводно бил заинтересиран за враќање на клупата на тимот од Торино.

Сега, Конте вели дека ќе го тужи новинарот.

-Во врска со денешните пишувања во “Република”, дека сум бил во контакт со управата и играчите на Јувентус и сум прашувал дали Сари ќе биде избркан, ќе го тужам тој што го објавил текстот како и главниот уредник на весникот. Се обврзав на 3-годишен проект со Интер и како што секогаш сум правел во животот, така и сега ќе работам напорно и со сета моја сила ќе се борам тој проект да биде победнички, изјави Конте.