Фудбал
По Дани Алвеш, Барса подготвува уште еден, по малку неверојатен трансфер
Искусниот бразилски дефанзивец Дани Алвеш потпиша како слободен играч за Барселона, а новиот тренер Чави Ернандез подготвува уште еден интересен трансфер.
Имено, не е исклучено враќањето на Тиаго Алкантара, шпанскиот играч за врска кој настапуваше во Барселона и моментално не се чувствува најсреќен во Ливерпул.
Тој би можел да се приклучи на Барселона во зима како позајмен играч, бидејќи Каталонците не можат да му ја обезбедат целосната плата што ја заработува на „Енфилд“.
Тиаго е ученик на Ла Масија, а во 2013 година од Барселона замина во Баерн, кој тогаш беше предводен од Пеп Гвардиола.
Сезонава одигра само пет натпревари во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите, па нема учинок, но во ваква Барселона секако би бил добредојден во средниот ред.