Connect with us

Други спортови

По една деценија повторно авто-трки во Кочани

По пауза од десет години, повторно ќе се вози традиционалната авто-трка во Кочани. На патеката Пониква, близу Кочани, следните два дена ќе се одржи втората трка од домашниот Шампионат на ридско-брзински патеки.

На патеката долга 6,4 километри учество ќе земат 25 домашни натпреварувачи, а се очекува и присуство на странски возачи. 

Официјалното отворање е закажано за в недела од 12:30 часот, а стартот на натпреварот е предвиден во 13:00 часот.

По успешниот старт на Водно, организаторот се надева дека ќе го врати сјајот на најатрактивниот спортски настан и во градот Кочани.

До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско –брзински трки, во Крушево и на Водно.