Connect with us

Фудбал

По емотивната прес конференција, Меси се огласи преку социјалните мрежи: Ова не е збогум…

-Си одам, но ова не е збогум, ова е само довидување. Да живее Барса!

На овој начин Лионел Меси по емотивната прес конференција на која имаше и солзи им се обрати на своите фанови преку Инстаграм. Како што вели тој, не сакал да замине на ваков начин, но морал, бидејќи немало друго решение.

– Сакав да си одам на поинаков начин, иако верувам дека ниту едно заминување не може да биде убаво…. Ќе беше преубаво да останев тука, направив се за да ја остварам таа цел, но на крајот не се оствари. Имам само зборови за благодарност за сите оние кои ме придружуваа во изминатите години во клубот.

Лионел Меси заминува по 21 година. Неговиот следен клуб ќе биде ПСЖ за кој ќе потпише најдоцна во понеделник или вторник.

View this post on Instagram

A post shared by Leo Messi (@leomessi)