Фудбал
По Мане и Алкантара, уште еден фудбалер на Ливерпул позитивен на Ковид 19
Швајцарската фудбалска федерација објави дека фудбалерот Џердан Шаќири е позитивен на Ковид 19. Тој е тестиран по приклучувањето на репрезентацијата за подготовките за мечевите од Лигата на нации. Шаќири е трет фудбалер на Ливерпул кој добил позитивен тест. Пред неколку дена позитивно беа тестирани Тијаго Алкантара и Садио Мане.
