Connect with us

Фудбал

По нервозите во клубот, денес работна атмосфера во ФК Пелистер

Денес во 11 часот се одржа последниот тренинг на фудбалерите на Пелистер, а на него беа сите фудбалери, а него професионално го одработија. По нервозите кои ги имаше во клубот деновиве и по посетата на претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, вчера, денес, фудбалерите тренираа под раководство на Спасе Ристевски.

-Имаше незадоволство деновиве кај фудбалерите откако се доцнеше со платата, но денес веќе сме во нормала, по разговорите кои ги имаше претседателот на Советот со нив. Денес има ново позитивно расположение и фудбалерите утре ќе влезат крајно професионално, против екипата на Шкупи. Знаејќи ја важноста на резултатот кој ќе се одрази на пласманот на табелата и секако за играњето во купот во среда против победа, се е подредено на оваа средба, вели Ристевски.

Според него сите се одлично подготвени, а во екипата ќе го нема голманот на Пелистер, Јовановски, кој го раскина договорот. За него Ристевски има само пофални зборови, како голман, како професионалец и како голем другар.

-Сите се во форма и за утре немам друга прогноза освен победа. Мора да се победи, за бодови и за добра атмосфера во реваншот во Прилеп, вели Ристевски, кој додава дека екипата на Шкупи нема наивно да влези во оваа средба и дека треба да се игра крајно концентрирано и со многу трчање, за да победи и да се извлече Пелистер од опасната зона, а екипата на Шкупи е директен конкурент, која има предност од четири бода.

Спасе Ристевски има само пофални зборови за фудбалерите и вели дека нивниот квалитет не одговара на местото кое го имаат на табелата и дека тие со овој квалитет треба да се борат за врвот на табелата, но дека лошата клима во клубот и доцнењет на пет плати си го сторило своето.

Извор: Bitola News