Connect with us

Фудбал

По нешто повеќе од 11 години дојде крајот, Диего Симеоне заминува од Атлетико Мадрид

Шпанските медиуми тврдат дека Диего Симеоне на крајот од сезоната ќе замине од Атлетико Мадрид, на чија клупа седна во декември 2011-та година.  Атлетико Мадрид испадна во групната фаза оваа сезона, во Ла лига не им оди најдобро, а според шпанските медиуми, се гледа според играта и резултатите дека владее презаситеност од Диего Симеоне.

Во изминатите нешто повеќе од 11 години, Симеоне со успешност го водеше Атлетико Мадрид. Освои две титули во Шпанија, два европски супер купа, два пати играше финале во ЛШ,  два пати ја освои Лига Европа, еднаш Купот на Кралот и еднаш Суперкупот на Шпанија.