Connect with us

Фудбал

По оваа промена, дресот на Интер повеќе никогаш нема да биде ист

Пo 26 години, одлучено е на дресовите на Интер повеќе да не биде спонзор Пирели. Екипата ќе има нов спонзор, кој годишно треба да издвојува 30 милиони евра. Неколку понуди се на маса. Се очекува спонзорот да биде кинеска компанија, се зборува за Хусенсе, Евергранде, како и корејски Самсунг.

Одлуката наскоро ќе биде соопштена, а без Пирели, по кој дресот на Интер беше претпознатлив веќе никогаш нема да биде ист.