Фудбал
По полицискиот претрес во Барселона, Бартомеу ја поминал ноќта во полициска станица, пуштен со кауција
Голема истрага околку финансиски малверзации се води во Каталонија против неколку поранешни челници на Барселона, меѓу нив и поранешниот претседател на клубот Жозеп Бартомеу. Според информациите тој ноќта ја минал во полициска станица, потоа бил изведен пред суд. Пуштен е да се брани од слобода со кауција се до сослушувањето во судот кое се уште не е познато кога ќе се одри.
Барселона како клуб нема да одговара, таа е оштетена странка во случајот и истрагата е насочена кон Жозеп Мариа Бартомеу и неговата десна рака Хауме Масферер.
Двајцата се сомничат дека работеле несовесно и направиле криминал со милионите платени на неколку компании кои требале да го подигнат рејтингот на раководството на социјалните мрежи но и да ги оцрнат противниците.