Фудбал
По поплавите, зошто македонскиот голман Столе Димитриевски ќе носи специјален дрес?
Екипата на Валенсија, каде што настапува македонскиот голман Столе Димитриевски, се враќа на теренот по паузата предизвикана од големите поплави кои го погодија градот. Последниот натпревар го одиграа на 27 октомври, а во меѓувреме им беа одложени два натпревари.
Во претстојниот натпревар, Валенсија ќе се соочи со Бетис на гости во Андалузија. Фудбалерите ќе носат црни дресови во знак на жалост за трагедијата и големиот број загубени животи. Дополнително, дресовите ќе бидат ставени на аукција, а собраните средства ќе се донираат на најпогодените од поплавите.