Connect with us

Фудбал

По само една сезона Годин заминува од Интер, детали го делат од изненадувачки трансфер

Диего Годин постигнал договор со раководството на Интер и пред почетокот на следната сезона би можел да направи изненадувачки трансфер во Каљари. Договорено е соработката да биде раскината пред истекот на рокот, а 34 годишниот дефанзивец би се преселил две сезони во Каљари, од каде што е и неговата сопруга.

Покрај тоа што имаше поголема минутажа во последните неколку кола од претходната сезона, сепак медиумите пишуваат дека причината поради која заминува Годин е тоа што Антонио Конте не смета сериозно на неговите услуги.

Минатата сезона по 9 години минати во Атлетико Мадрид, Годин се одлучи за Интер, каде што потпиша тригодишен договор, но одработе само една сезона.