Фудбал
По Санчо, наскоро нова „бомба“ во Манчестер Јунајтед
Наскоро се чини дека во Манчестер Јунајтед ќе „експлодира“ уште една трансфер “бомби“, барем така најавуваат англиските медиуми. Џејдон Санчо е договорен, тоа го објави и самиот клуб, а наскоро може да му се приклучи и Рафаел Варан од Реал Мадрид. Наводно францускиот дефанзивец веќе ги договорил личните услови со англискиот тим, но сепак не се знае колку Јунајтед ќе му плати на Реал Мадрид.
Сепак, проблем во реализацијата на трансферот може да претставува претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој бара преголемо обесштетување.
Реал Мадрид има сериозни финансиски проблеми и поради тоа Перез за Варан кој пак не сака да потпише нов договор, бара околу 90 милиони евра. Од друга страна Манчестер јунајтед е подготвен да плати највеќе 60 милиони евра.