Фудбал
Победа за спас на Гатузо против Јувентус, но и чекор назад за Пирло и „Старата дама“
Наполи го совлада Јувентус со 1:0 во дербито на 22. коло во италијанската Серија А.
Овој натпревар беше последната шанса за Џнаро Гатузо да ја задржи работата, а на крајот тој успеа да го совлада својот голем пријател Андреа Пирло на клупата на „Старата дама“.
Првиот половина час од мечот не донесе апсолутно ништо, а потоа во 31. минута Наполи погоди. Беше досуден пенал кој го направи Киелини, а Лоренцо Инсиње погоди за 1:0 .
Со овој резултат тие заминуваат на одмор, а Јувентус продолжи да бара начин до голот на Наполи на сите можни начини.
„Бјанокерните“ имаа неколку добри шанси. Роналдо, Киеза, Мората се обидоа, но немаше прецизност.
Остана до крајот 1:0 и Гатузо успеа да ја зачува работата, додека Пирло со Старата дама направи чекор назад во борбата за титулата шампион на Италија.