Connect with us

Кошарка

Победија прв пат по 10 години, па тоа на македонските кошаркарки им донесе скок од 13 места на ФИБА светска листа

 Македонската женска кошаркарска репрезентација напредуваше 13 места на светска ранг-листа која денеска ја објави ФИФА и се наоѓа на 33. позиција во Европа, а на 67 место во светот.

Македонските кошаркари изминатиот месец ја совладаа БиХ на гостински терен во евроквалификациите и воедно ја забележаа првата победа од јули 2013 година.

Во последното, мартовско рангирање на Светската кошаркарска организација (ФИБА), Македонија има вкупно 94.4 бодови, што е втор највисок напредок во изминатиот период која го направила една национална селекција во женски рамки.

Најголем напредок бележи репрезентацијата на Австрија која се искачи за 24 позиции, и во овој момент е на 87 место во светскиот рејтинг.

Лидер во женската кошарка останува селекцијата на САД, пред Кина и Австралија.