Connect with us

Фудбал

Победнички првенец на Горан Пандев за Џенова оваа сезона

Горан Пандев, конечно, го постигна првенецот во Серија А оваа сезона. Капитенот на македонската репрезентација беше прецизен во Верона за минимален триумф на Џенова во последниот натпревар од 15. коло.

Погодок го реализира во втората минута од судиското екстра време пред паузата, момент што до крајот на средбата се покажа како пресуден за победата.

Пандев го стартуваше натпреварот од првата минута, а остана на теренот до 64-тата. За него ова е трет погодок оваа есен, два за Македонија и прв за Џенова.

По 15 рунди во калчолигата, Џенова е на 15 позиција на табелата со 13 бода. Лидер е Интер со 38, еден бод повеќе од Наполи, а два од Јувентус. Во наредното коло Пандев со Џенова е домаќин на Атланта.

Извор: ТВ 24