Фудбал
Побогат договор за Имобиле во Лацио
Според информациите кои доаѓаат од Италија, Чиро Имобиле и Лацио ќе продолжат да соработуваат.
Лацио, наводно, понудил подобар договор за неговиот најдобар стрелец, па затоа ќе заработи 3,2 милиони евра годишно и договорот ќе трае до 2023 година.
Имобиле моментално заработува 2,5 милиони евра годишно, а сегашниот договор важи до летото 2022 година.
Тој е најдобар играч на Лацио, постигна 68 гола во 89 натпревари за небесно-сините, а заедно со Мауро Икарди минатата сезона беше најдобар стрелец во лигата.
Имобиле во Лацио пристигна во 2016 година, а претходно беше член на Торино, Севилја, Борусија, Џенова и Јувентус. Тој играше за репрезентативниот тим на Италија во 2014 година и досега запиша 32 настапи и постигна седум гола.