Connect with us

Фудбал

Почетино за Реал Мадрид: Не треба да се обидувам да ја менувам судбината

Маурисио Почетино, кој е поврзуван за заменик на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, денеска е во Барселона, каде одговораше на прашањата на „АС“ во врска со шпекулациите од последните 24 часа дека може да застане на чело на „белите“. Тој е во каталонскиот град за да ја претстави својата автобиографска книга.

– Што и да се случи ќе се случи. Јас живеам овде и сега, во сегашноста. Нема поважно нешто од сегашноста и уживам во неа. Хорхе Грифа еднаш ми кажа дека морам да дозволам фудбалот да ме однесе таму, каде што ќе посака и дека не треба да се обидувам да ја сменам мојата судбина, вели тренерот на Тотенхем.

Менаџерот официјално призна дека не постои клаузула за откуп во неговиот нов договор со тимот од Лондон.