Connect with us

Кошарка

Почина 27-годишен кошаркар на тренинг, поранешен играч на Црвена Звезда

Поранешниот кошаркар на Црвена ѕвезда Мајкл Ојо почина на 27-годишна возраст.

Според извори на српските медиуми, на поранешниот центар на црвено-белите му се слошило за време на индивидуалниот тренинг на стадионот „Партизан“, и итно бил пренесен во Ургентниот центар, каде, за жал, била констатирана смрт.

Причината за смртта, наводно, е срцев удар.

Ојо завршил на Државниот универзитет во Флорида, а својата европска кариера ја започнал во Србија, поточно на ФМП во 2017 година. Последните две сезони ги поминал во Црвена звезда.

Со црвено-белите, тој ја освои регионалната АБА лига и титулата српски шампион.

Договорот на нигерискиот кошаркар со Црвена звезда истече летово, а се шпекулираше дека наскоро треба да потпише за Игокеа.