Connect with us

Фудбал

Почина Бошко Блажески, еден од најпознатите фудбалери на Тетекс

Во Тетово денес на 76 години почина Бошко Блажески, еден од најпознатите фудбалери на Тетекс. Блажески својата кариера ја започнал како средношколец во клуб во Штип, па продолжил една година во ФК Љуботен по што околу 15 години го носел дресот на ФК Тетекс.
-Речиси целата својата фудбалска кариера Бошко Блажески ја помина во ФК Тетекс каде беше иргач за врска и го носеше бројот 4. Како фудбалер беше омилен кај тетовската публика со оглед дека постојано беше во првиот тим покрај силната конкуренција и играчи од други градови. Настапуваше се до 1980 година во Тетекс, најдобрите години на клубот, информираат од ФК Тетекс.
Блажески има работено и како тренер, спортски новинар и работник во текстилниот комбинат Тетекс. Како пензионер бил претседател на комисија за спорт при тетовското Здружение на пензионери.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com