Connect with us

Фудбал

Почина хрватската фудбалска легенда

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб и селектор на хрватската фудбалска репрезентација Златко Краљчар-Цицо почина на 65 годишна возраст по долго боледување.

Крањчар пред десетина дена бил промен во болницата во Задар поради проблеми со црниот дроб, а потоа бил префрлен во Загреб, каде што починал на клиничката билница.

Селектор на хрватската репрезентација беше од 2004-та до 2006-та година. За Динамо забележа 261 меч, ја освои со овој тим и шампионската титула во поранешна Југославија.