Connect with us

Фудбал

Почина легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и почесен претседател

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Амансио Амаро почина на 84-годишна возраст, соопшти шпанскиот клуб.

„Реал Мадрид, претседателот и раководството на клубот длабоко жалат за заминувањето на Амансио Амаро, почесниот претседател на Реал Мадрид, една од големите легенди на нашиот клуб и светскиот фудбал“, се вели во соопштението на актуелниот европски шампион.

Амаро се пресели од Депортиво во Реал Мадрид во 1962 година.

Тој играше за мадридскиот клуб 14 сезони и освои девет титули во шпанската лига и три Копа дел Реј.

Единствената титула европски првак ја освои со Реал во 1966 година, кога шпанскиот тим во финалето во Брисел го победи Партизан (2:1), а стрелец на израмнувачкиот гол беше Амаро во 70. минута.

Амаро двапати беше најдобар стрелец на шпанското првенство, а за шпанската репрезентација одигра 42 натпревари и го освои Европското првенство во 1964 година.