Други спортови
Почина Лијам Милер, поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед и Селтик
Тажна вест го потресе фудбалскиот свет, почина поранешниот фудбалер на Селтик и Манчестер јунајтед, Лијам Милер. Ирскиот фудбалер почина на 36 години како последица на рак, пренесуваат денеска светските медиуми.
Милер од 2004 до 2009 година одиграл 21 натпревар за репрезентацијата на Ирска.
Кариерата ја почнал во Селтик во 2000 година, а четири години подоцна направил трансфер во Манчестер Јунајтед.
Настапувал уште и за Лидс, Сандерленд, КПР и Хибернијан.
Потоа играл неколку години во Австралија, а потоа и за ирскиот клуб Корк, а кариерата ја завршил во САД.
Шкотскиот фудбалски клуб Селтик изрази сочувство до неговото семејство и пренесе дека сите во клубот се тажни поради смртта на Лијам Милер.