Фудбал
Почина поранешен фудбалер на Вардар и селектор на СР Југославија
На 77 годишна возраст почина Милан Живадиновиќ,поранешен селектор на СР Југославија, но и порашенер репрезентативец. Живадиновиќ го носел и дресот на македонскиот најтрофеен клуб две сезони, од 1963-та до 1965-та година.
Живадиновиќ ќе остане запомнет како човек кој ја тренираше Црвена звезда од 1992 до 1994 година, а исто така беше тренер и на уште неколку екипи од поранешната СФР Југославија. Во 1998 година беше селектор на репрезентацијата на поранешна СР Југославија. Како фудбалер играше за Црвена звезда, Челик, Вардар, Слобода, Риека, Црвенка и германскиот Судвест.