Connect with us

Фудбал

Подгответе се, во 2022 почнува Европската фудбалска супер лига со најсилните тимови

На синоќешната прес конференција на која ја најави оставката, Жозеп Бартомеу откри дека Управниот одбор на Барселона прифатил клубот да се вклучи во најавуваната Европска супер лига, во која ќе учествуваат најголемите тимови од петте најсилни европски лиги.

Оваа лига практично е под покривот на ФИФА и се смета дека ќе ја уништи сегашната Лига на шампиони.

Шпански „АС“ утрово објави дека оваа лига ќе се игра во НБА формат. Вкупно ќе учествуваат 18 клубови. Секој би играч со секого дома и на гости, а плејофот би се одиграл на еден ист стадион.

Од Шпанија освен Барселона би требало да учествуваат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. ПСЖ, Милан, Интер, Јувентус, Баерн, Ливерпул и Манчестер Јунајтед наводно веќе дале согласност дека и тие ќе бидат дел од новото натпреварување.