Connect with us

Фудбал

Подолски разочаран од начинот на кој Арсенал се однесуваше кон Озил: Никогаш не кажа лош збор …

Лукас Подолски ја прокоментира ситуацијата во која се најде неговиот поранешен колега од германската репрезентација, Месут Озил.

Озил неодамна стана член на Фенербахче, но тој беше отпишан во Арсенал скоро една година бидејќи Микел Артета сметаше дека нема да се вклопи во неговиот систем на игра.

Подолски, кој го носеше и дресот на „топчиите“, е разочаран од она што лондонскиот клуб му го направи на Озил.

„Не е во ред да се постапува така со човек кој е во клубот веќе седум години. Тој покажа на теренот дека е вистинска класа и никогаш не кажа лош збор за колегите и клубот“, рече Подолски.

Озил реши да си замине шест месеци пред истекот на договорот. Тој се откажа од седум милиони фунти и започна нов живот во Истанбул.

Германскиот фудбалер одигра 254 натпревари во Арсенал и постигна 44 погодоци.