Connect with us

Фудбал

Погба: Би сакал да го видам Рабинот

Пол Погба изјави дека сака да види и да поразговара со Адријан Рабиот.

Рабиот одлучи да се повлече од репрезентацијата, бидејќи тој беше лут на тренерот Дидие Дешамп, кој го смести на листата на резерва за Светското првенство.

„Случајот Рабиот“ одекнуваше во Франција, а сето тоа го прокоментира и Погба, кој е еден од главните играчи на „Триколорите“ и ѕвезда на Манчестер Јунајтед.

„Тоа се работи надвор од контекст. Би сакал да го видам и да поразговарам директно со него за да можам да го разберам. Не сум разговарал со него и не сакам да го критикувам или да го осудувам“, рече Погба, но додаде:

„Би сакал да седнам со него и отворено да зборувам за тоа, за да можам да разберам зошто го сторил тоа. Верувам дека постојат вистински причини“.