Фудбал
Погба е најдобро да си оди од Манчестер
Пол Погба не ја гледа својата иднина во Манчестер јунајтед. Французинот на своите соиграчи и пријатели им соопштил дека сака да си оди од Манчестер Јунајтед.
Извори блиски до Французинот тврдат дека тој не е „со главата во клубот“ и повеќето играчи веруваат дека за Јунајтед е најдобро Погба да си оди.
Јунајтед минатото лето го процени Погба на околу 180.000.000 фунти, но тој влезе во последните 18 месеци од договорот. „Црвените ѓаволи“ имаат можност да го „врзат“ Погба за клубот до 2022. година, но проблемите со здравјето на Французинот влијаат на намалување на неговата вредност.