Connect with us

Фудбал

Погба е желба и во Париз

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, доби сериозна конкуренција во францускиот гигант ПСЖ, кога е во прашање потписот на францускиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Веќе е јасно како ден дека искусниот играч за врска ќе си замине од “Олд Трафорд# доколку клупските челници и понатаму соработуваат со португалскиот стручњак, Жозе Мурињо. Раководните лица на Јуве се убедени дека се потребни околу 80 мил. евра за да се осигураат услугите на Погба, а таков став имаат и челниците на ПСЖ.